Секој работен ден бесплатен превоз за пензионерите од Прилеп

Пензионерите од Прилеп секој ќе можат секој работен ден, четири часа, од 8 до 12 часот бесплатно да се возат со градскиот превоз. Ова денеска го одлучија Советниците на Општина Прилеп, односно изгласаа два часа плус бесплатен превоз за пензионерите.

– Една од поважните одлуки што ги донесе Советот, е да се воведе бесплатен градски превоз за пензионерите, односно граѓаните на општина Прилеп, со навршени 62 години ( жени) и 64 години (мажи). Ова беше надополнување на одлуката, што ја донесовме на претходната седница, со продолжување на бесплатниот превоз – соопшти Општината.

 

 

 

05.04.2018 - 21:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега