Жбогар: Проблемот со името треба итно да се реши

Евроамбасадорот на Македонија Самуел Жбогар им ја честиташе на граѓаните на Рупублика Македонија препорака за почеток на преговорите за членство во Еропска унија, која како што кажа е добиена со заедничка работа, донесување на неопходни закони и промена на политиката на Владата.

„Но, треба подобро функционирање на судството и на јавната администрација, односно неопходни се заложби за професионална и транспарентна јавна администрација. Политичарите да ги пуштат институциите да работат независни“- рече Жбогар.

Тој порача и дека проблемот со името итно треба да се реши и кажа дека е добро што разговорите се интензивираат.

 

 

 

17.04.2018 - 16:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега