Хан и Заев ја пофалија опозицијата

На прес-конференцијата денеска на Јоханес Хан и премиерот Зоран Заев за препораката за преговори за ЕУ, беше пофалена и опозицијата која се врати во Собранието.

-Искрено да ви честитам на вас, Владата и опозицијата за овој момент. Конечно тие беа многу сериозни кон поддржувањето на оваа национална цел. Сите овие страни придонесоа до овој момент. Главната опозициска партија е назад во парламентот и очекувам конструктивно учество, рече Хан.

Заев истакна дека со поддршка на опозицијата донеле важни законски решенија за незвисноста на сусдство, професионални разузнавачки служби, ефикасна администрација. 

 

 

 

18.04.2018 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега