Млад кумановчанец пронајден мртов во својот дом

30 годишниот кумановчанец Агрон И., вчера попладне бил пронајден мртов во својот дом. Безживотното тело на Агрон, го нашол негов другар кој ја известил полицијата.

Според досегашните информации, кумановчанецот живеел со своите родители, но, во тој момент бил сам во домот. Неофицијално, Агрон бил уживател на опојни дроги.

Телото на Агрон е предадено на обдукција.

11.09.2013 - 10:55

најчитано сега