МНР: Македонската амбасада НЕ била нападната со молотов коктел

Македонското МНР ги демантира информациите објавени од некои косовски медиуми дека ноќеска околу полноќ со молотов коктел била нападната Амбасадата на Република Македонија во Приштина.

Информациите ги демантираше и косовската полиција, според која таков инцидент не се случил, ниту пак е пријавен.

Некои косовски медиуми објавија дека синоќа околу полноќ бил фрлен молотов коктел врз амбасадата на Македонија во Приштина и оти за нападот се сомничат три лица во бела „тојота“.

11.09.2013 - 12:05

најчитано сега