Косовскиот премиер бара до утре да се реши проблемот со Македонија

Премиерот на Косово Хашим Тачи побарал брзо да се надминат недоразбирањата меѓу Косово и Македонија. Тој ја задолжил вицепремиерката и министер за трговија Мимоза Кусари проблемот да се реши денеска, или најдоцна утре.

Според Косовската радиотелевизија, Тачи истакнал дека блокадата на границата не е во интерес ниту на Косово ниту на Македонија, и е спротивна на европерспективите и добрососедските односи на двете земји.  

Тачи изјавил дека зборувал со македонскиот премиер Никола Груевски и дека очекува состојбата да се врати во нормала како што беше пред воведувањето на косовското ембарго и македонските влезни такси.

11.09.2013 - 15:06

најчитано сега