Штипјанец ја претепал мајката на сопругата со шипка
Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против 41-годишниот Б.Ш. кој на Први Мај во 23 часот најпрвин телефонски упатил сериозни закани по животот на Ј.Д. брат на неговата сопруга, а потоа на улицата “Васил Доганџиски“ во Штип ја пресретнал С.Д. мајка на неговата сопруга при што со метална шипка и остар предмет со неколку удари и убоди по телото и главата и нанел повреди констатирани во Клиничката болница во Штип.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.
03.05.2018 - 13:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа