Измамена скопјанка: И нуделе дрва по ниска цена, и ги зеле парите а не добила ништо
Веќе четврт случај во кој повозрасни жители се измамени на ист начин е пријавен вчера во скопската полиција. Вчера во 15 часот и 10 минути во полициската станица Аеродром, 65- годишната В.К од Скопје пријавила дека истиот ден околу 10.00 часот во село Долно Лисиче непознат сторител и извршил измама во дворот од нејзината куќа.
Пред тоа и се јавил нејзиниот брат Р.В. и кажал дека запознал лице кој продавал дрва по поевтина цена. Таа се согласила да ги купи дрвата. После тоа, нејзиниот брат и непознатото лице дошле кај неа дома, но набргу заминале кон пругите кои водат кон населбата Драчево.
Откако пристигнале, непознатото лице му кажал на Р.В. да причека, а тој се вратил во куќата на неговата сестра и побарал 9 000 денари за да ги добие документите за дрва од Ј.П. „Македонски Шуми“. Таа му ги дала парите и тој заминал и не се вратил по што заклучила дека била измамена.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа