Три малолетници меѓу 10 и 16 години исчезнаа во Скопје

 

Во полиција се пријавени три случаи со малолетни лица кои се оддалечиле од својот дом.

Педесет и тригодишниот И.А. во полициската станица „Бит-пазар“ пријавил дека пред три дена  неговиот 10-годишен син се оддалечил во непознат правец. Уште еден татко пријавил дека вчера во 20 часот во непознат правец се оддалечила неговата 16-годишна ќерка.

 

Третиот случај со малолетник по кој се трага е пријавен вчера во полициската станица „Гази Баба“. Од установата „Ранка Милановиќ“ пријавиле дека пред два дена 12-годишен штитеник од установата самоволно се оддалечил во непознат правец и не се вратил.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

 

 

 

08.05.2018 - 20:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега