Рекордна цена на нафтата: Бензинот и дизлот значително поскапуваат
Возачите треба да се подготват за големо покачување на цените на горивата. Ако се гледа трендот на светските берзи, моменталната цена на нафтата од 77,5 долари за барел е највисока цена од декември 2014 година.
Пред две недели Регулаторната комисија за енергетика пресмета дека просечната цена на суровата нафта во претходните 14 дена била нешто над 73 долари за барел.
Грубата пресметка вели дека просекот за овие две недели би требало да биде меѓу 74 и 75 долари за барел што значи дека во понеделник поскапување за околу 2 денари по литар не би требало да биде изненадување.
На 30 април Регулаторната комисија за енергетика ги поскапи сите нафтени деривати за 2 денари по литар. Во моментов 95 октанскиот бензин чини 70 денари за литар, 98 октанскио 71,5 а дизелот се точи за 62 денари за литар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа