Инстаграм падна во целиот свет

Најпопуларната социјална мрежа за споделување мултимедијална содржина Инстаграм доживеа голем пад во целиот свет.

На апликацијата не можете да ажурирате објави, ниту пак да гледате кој што објавил, а не функционира ниту веб верзијата.

Засега нема реакција од компанијата „Фејсбук“ во чија сопственост е оваа социјална мрежа, но корисниците на Твитер веќе започнаа да си „тераат сеир“ под хаштагот #InstagramDown.

По десетина минути Инстаграм се врати во живот, но проблеми во функционирањето јавува и Фејсбук.

 

 

 

10.05.2018 - 23:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега