Ужас во Македонија: Пензионер на улица допирал шестгодишно дете, се кренало цело маало
Во 14.25 часот вчера жител на Кичево пријавил дека на улицата „Јанко Михајлоски“, во близина на Правниот факултет во Кичево, забележал како непознато машко лице допирало малолетно женско дете по делови од телото.
Полициски службеници излегле на местото каде ги затекнале пријавителот, шестгодишното девојче и неколку граѓани. По преземени мерки, по кратко време од слобода бил лишен 67-годишниот Б.С. од Кичево.
Над детето бил извршен лекарски преглед, при што не биле констатирани телесни повреди, а бил извршен и разговор во присуство на родител и социјален работник.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа