Тешка несреќа во Македонија: Со мерцедесот удрил велосипедист
Во текот на вчерашниот ден во 11.55 часот во Битола на улица „Партизанска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки управувано од 47-годишнит С.Б. од Битола и велосипедист, 77-годишниот Ј.К. исто така од Битола.
Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.
19.05.2018 - 10:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа