Тешка несреќа во Скопје: Жена прегази старец
Во 16,00 часот во Скопје на паркинг просторот на улица „Владимир Комаров“, 48-годишната М.К. од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Сеат Ибица“ со скопски регистарски ознаки удрила во пешак.
Се работи за 86-годишниот Г.Н. од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош пешакот е пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“ каде му се констатирани тешки телесни повреди.
20.05.2018 - 12:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа