Сега е нејзиното време: Оваа билка е лек за чиреви, акни и хемороиди
Во денешно време сè повеќе луѓе се заинтересирани за растенијата кои ги има во природата, а кои може да се јадат.
Бозелот (Sambucus nigra) е билка која расте на планинските места како грмушка, а на ниските места како дрво, кое достигнува височина до 5 метри. Лековитите својства на бозелот се содржани во сите делови на билката: цветот, плодот, листот, кората и коренот. Тие содржат витамини А, Б1, Б2, Ц, етерични масла, горки сустанции, јаболкова киселина, сахароза и друго.
Често цветовите и плодовите од бозел се користат за припремање на чаеви, сокови, џемови, вино и слично. Бозелот е познат народен лек од многу оддамна.
Во фитотерапијата се употребуваат главно цветовите, кои се собираат во мај и јуни, по убаво и суво време. Исушените цветови имаат голема склоност да апсорбираат влага и затоа треба да се чуваат во добро затворени, непропустливи амбалажи.
Плодовите на бозелот (Sambucus nigra) полни се во витамин Ц, флавоиди и растителни белковини, кои се борат против вирусите. Тие се ефикасни во спречувањето на настинката и грипот.
Клиничките истражувања во Израел покажале дека бозелот не само што го намалува ризикот од настинка и грип, туку ја намалува тежината и го скратува времетраењето на настинката и грипот. Истражувачите од одделението за вирусологија на Хебрејскиот иниверзитет во Ерусалим откриле дека пациентите кои биле болни од грип и кои земале бозел, се опоравиле два пати побрзо, отколку оние болни кои земале таблета плацебо (лажен лек). Научниците заклучиле дека активната материја во бозелот може да го скрати грипот за 4 дена.
За превенција на настинка и грип користете екстракт од топчиња на бозел, или цвет од бозел. Доколку користите екстракт, земајте го една до две лажици дневно. Ако се јават симптом на настинка и грип, може да го земате екстрактот од бозел и почесто, односно 4 лажици дневно.
Чајот од бозел е многу корисен. Бозелот е популарна билка меѓу сите народи за лекување заболувања на дишните органи. Најпознат е по тоа што предизвикува зголемено потење. Според некои автори, тоа доаѓа оттаму што цветовите на бозелот го намалуваат прагот на дразба на центарот за регулирање на потењето.
Како резултат на тоа, пиењето на топол чај од бозел предизвикува обилно потење. Позитивните ефекти од потењето се ослободување од токсините и намалување на високата телесна температура. Овие ефекти се особено важни при лекување на грип, настинка и воспалени дишни органи.
Чајот од бозел се приготвува на следниот начин: една чајна лажица (10 g) од исушени цветови се попарува со чаша жешка вода. Садот стои покриен 20 -30 минути, се процедува и се пие засладен со мед, по половина чаша три до четири пати дневно, 15 минути пред јадење.
Како чај за потење многу голема ефикасност покажува мешавината од еднакви количества цвет од бозел, липов цвет и лист од нане. Од оваа мешавина се зема една супена лажица, се залева со две чаши жешка вода, се вари 10 минути, се процедува. Чајот се пие врел. Потоа треба да легнете и покриени со покривка да мирувате. Поради содржината на слуз, чајот од бозел ја смирува сувата кашлица. Оттаму многу често се среќава во комбинираните билни препарати, кои се користат било како сирупи или таблети против кашлица.
Плодовите од бозел се користат како благо средство против запек, а дејството им се припишува на смолите и на пектините. Малку луѓе знат дека од пресните зрели плодови може да се подготви вкусен џем. Џемот од плодовите на бозелот не само што е вкусно јадење со пријатен мирис, арома и вкус, туку претставува одлично средство кое го поттикнува празнењето на цревата, кога не се советува земање на јаки средства за запек, било поради воспаление на цревата или грчеви. Посебно е корисно кај малите деца. Тоа е безопасно, а сепак сигурно средство против запек.
Деца што имаат проблеми со столицата, може да ја нормализираат со две до три лажички од овој џем.
Младите лисја на бозелот и сокот од неговите плодови се богат извор на витамини, пред се на витаминот Ц и каротинот. За закрепнување на организмот се препорачува чај што се приготвува од шест до осум лисја бозел, кои се попаруваат со чаша врела вода и отстојуваат 20 минути. Чајот се пие пред јадење.
Бозелот помага и при неуралгии, при ишијас и болки во крстот (лумбаго). Како природен лек против овие болести се користи сокот од бозел, кој може да се пие ладен или топол. Пиење на сок од бозел, два пати дневно доведува до брзо оздравување од овие болести. Сокот од бозел со голем успех ја лечи и неуралгијата на нервот тригеминус (нерв на лицето).
Многу е корисно и виното припремено од зрелите плодови на бозел. Тоа не само што е вкусен напиток, туку е вистинско средство за јакнење на организмот, посебно после физичка или психичка пренапрегнатост. Виното од зрелите плодови на бозел ја регулира столицата, ја прочистива крвта, ги намалува стомачните и цревните грчеви, го подобрува апетитот и ја подобрува циркулацијата на крвта во организмот. Топлото варено вино од бозел е најдобро природно средство против настинка, грип, бронхит, па дури и воспаление на белите дробови.
Направете природен лек за хемороиди, чир и акни, лечи се.
Потребно ви е:
2-3 лажици лист од базга
1 дл маслиново масло
Се ставаат листовите во стаклен сад со масло и откако ќе отстои 2-3 недели смесата, маслото се процедува и се нанесува на болните места.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа