Страотна несреќа: Скопјанка ја прегази автомобил

Околу 09,00 часот вчера на улицата “Перо Наков“ товарно моторно возило “Фиат Добло“ со струмички регистерски таблици управувано од 46-годишниот Д.И. од Струмица удрило во пешак.

Полицијата денеска информира дека се работи за 54-годишната Ј.С. од Скопје, која што со возило на Итна медицинска помош била пренесена во комплексот клиники “Мајка Тереза“, каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на понатамошно лекување.

На местото на настанот извршен бил увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

03.06.2018 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега