Две возила се искршија - тешка несреќа во Македонија

Околу 15.20 часот вчера на регионалиот пат Делчево-Берово, во близина на „Црничка чекална“ дошло до судир помеѓу патничко возило „Мазда 3“ со беровски регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот С.В. од Пехчево и патничко возило „Рено Сеник“ со беровски регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот М.К. од Берово.

Притоа, С.В. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничка болница Штип каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото ан настанот извршила увидна екипа на СВР Штип. 

 

 

 

05.06.2018 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега