Страотна несреќа во Македонија: Возило удри во потпорен ѕид

Во 19 часот на регионалниот пат ссело Софилари-Штип, патничко возило „Рено Твинго“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 65-годишниот Д.А. од Штип, излетало надвор од коловозот и удрилo во потпорен ѕид.

Од ударот возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар Штип, каде му била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.

 

 

 

20.06.2018 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега