Претседателот на Генералното собрание на ОН го поздрави договорот за името

 

Претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации, Мирослав Лајчак изрази поддршка за успешното завршување на преговорите за името меѓу Грција и Македонија во интервјуто за АНА-МПА, кое заврши со потпишување на договор.

„Лично и одблиску учествував во темата и ја поздравувам ефикасноста на раководството на Грција и Македонија, нивните премиери и министрите за надворешни работи“, изјави тој и потсети дека преговарачкиот процес траеше долги години.

 

 

 

 

25.06.2018 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега