Заев: Сме и остануваме Македонци
Го информиравме и Претседателот на државата, го информиравме сите политички партии и пратенички групи, го информиравме и господинот Мухиќ. Сите ги информиравме. Тој пред нас ја изнесе својата дилема. Рече дека е негов став ова. Но и тоа е демократија. Тоа не не убива. Јас можам да дебатирам со него со факти. Ние го почитуваме неговото мислење, рече премиерот Заев околу ставот на пратеникот Ферид Мухиќ и недавањето поддршка за договорот со Грција во вечерашното гостување во 1ТВ.
– Но, не е во право, стојам заедно со премиерот Алексис Ципрас и зборувам за Македонци , Грци и европејци, зборувам за нашите општества. Идентитетот е потврден и прифатен. Прашањето беше дискутабилно за Македонците и Грците. Не за другите. Јас сум им благодарен на сите националности што не подржаа. Никој не ги спори Албанците, Србите, Бошњаците, Власите…. во Македонија. До сега проблематично беше прашањето за Македонците – Конечно имаме мултуиетничка земја во која што се признаени сите ентитети, истакна Заев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа