Останал заробен под својот трактор - стравична несреќа го потресе Валандово

Уште една страотна тракторска несреќа ја потресе Македонија. Како што информираат од МВР, 57 годишен валандовчанец завршил во скопскиот Ургентен, откако вчера бил заробен од неговиот трактор.

Несреќата се случила вчера околу 18 часот пред домот на 57-годишниот  валандовчанец. Додека несреќниот валандовчанец се обидувал да го паркира тракторот во дворот, тој се превртел и го заробил.

57 годишникот бил пренесен во гевгелиската Болница, но, оттаму, поради сериозноста на повредените бил однесен во скопскиот Ургентен центар.

16.09.2013 - 11:00

најчитано сега