Хелтгрупер: Бесплатното лекување ќе ги зголеми листите на чекање
Оние кои најмногу ќе профитираат од новата мерка на Владата за бесплатно елкување за секој граѓанин од селдната година, ќе бидат приватните болници, бидејќи со тоа ќе се зголеми листата на чекање во болниците, што ќе ги принуди пациентите да се обратат во приватните болници, покажуваат анализите на Хелтгрупер, објави „Нова ТВ“.
Со тоа, директниот резултат од укинувањето на партиципацијата всушност ќе се одрази врз џебот на граѓаните во наредните 12-24 месеци, предупредуваат од Хелтгрупер, организација која ги истражува состојбите во здравството во Југоисточна Европа.
„Светските искуства, како и истражувањата кои ги спроведуваат експертите на Хелтгрупер укажуваат дека ваквата мерка може да резултира со сосема спротивни ефекти од очекуваните. Конкретно, партиципацијата е механизам кој има за цел да го ограничи прекумерното (и често не потребно) лекување во болниците. Таа мерка се воведува насекаде во светот, и ја користат дури и најбогатите држави како што се Германија, Јапонија, САД и други. Кога ќе се укине партиципацијта, автоматски се очекува да се зголеми побарувањето на здравствените услуги, а тоа ќе се одрази на снабдувањето со здравствени услуги. Новата ситуација ќе ги принуди „снабдувачите„ поточно болниците од причини што нема да може да одговорат на зголемената побарувачка да воведат нивни рестриктивни мерки во форма на продолжено време на чекање за лекување. Поранешните истражувања на Хелтгрупер имаат документирано дека една од клучните причини поради кои пациентите се одлучуваат за лекување во приватните болници е да го скратат времето на чекање“, велат од Хелтгрупер.
Хелтгрупер ја пвикува Владата и Министерството за здравство одново да ја преиспитаат оваа одлука, бидејќи тоа може да донесе долгорочни последици врз здравствениот систем.
Премиерот Зоран Заев во понеделникот најави дека од 1. јануари 2019 година ќе следува бесплатно болничко лекување за сите граѓани на Република Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа