Отец Пимен: Договорот за името не е идеален, но не е ниту нешто погубно
Митрополитот на Европската епархија, владиката Пимен изјави дека неговиот личен став во врска со Договорот со Грција ќе го каже на референдумот. Тој кажа дека се надева дека граѓаните ќе излезат на референдумот и ќе се изјаснат, бидејќи како што кажа се заговара бојкот.
– Самиот Договор по себе е далеку од идеален, но тој не е нешто толку погубно како што се толкува во некои случаи. Луѓето тоа го доживуваат како предавство. Крајната инстанца сепак останува на народот, не само на политичарите туку на секој еден поединец затоа што ќе има можност да се изјасни на референдум „за“ или „против“, изјави отец Пимен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа