Пак на државна плата: Екс министерот за правда сега стана нов заменик генерален на МЕПСО

 

Екс-министерот за правда Билент Салии е избран за заменик директор во МЕПСО. Информацијата тој ја потврдил за Плусинфо.

 

– Од вчера сум заменик-генерален директор на МЕПСО. Надзорниот одбор ме назначи за член на управниот одбор со задолжение за заменик генерален директор на МЕПСО – изјавил Салии за Плусинфо.

 

Салиу си замина наводно поради одлуката во случајот со малиот Алмир иако се знаеше дека неговото име беше прво на списокот на премиерот Заев при реконструкцијата на кабинетот, па во јавноста се коментираше дека му се дало простор сам да се повлече наместо да биде сменет.

Дел од медиумите неговото име го поврзуваа со позиција во ДИК, но очигледно екс минситерот за правда добро е запознаен со тоа какви плати се земаат во МЕПСО, па решил таму да ја продолжи својата кариера.

 

 

 

 

 

11.07.2018 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега