Милошоски: Власта ја крие последната анкета на која само 30% од граѓаните рекле дека ќе гласаат на референдум

Пратеникот и поранешен Министер за надворешни работи, Антонио Милошоски на социјалните мрежи ја праша Владата зошто ја крие анкетата направена месецов на која според неа, само 30% од граѓаните изјавиле дека ќе излезат на гласање додека останатите планирале да бојкотираат.

Зошто владата ја крие анкетата спроведена во Јули?!
На прашањето дали ќе излезете на референдумот, на ниво на Македонија, само 31% одговориле дека ќе гласаат, што е 562.000 од вкупно 1.814.600 запишани гласачи. Мнозинството одговориле дека се за #бојкот.
Во Битола, на општинско ниво, само 22% од испитаниците рекле дека ќе излезат на референдумот (18.000 од вкупно 83.000 запишани гласачи).
“ – напиша Милошоски на социјалните мрежи.

 

 

 

20.07.2018 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега