Битолчанец може да добие 6 месеци затвор зошто го кренал македонското знаме: „Да не требаше грчкото да го кренеме"

Пристигнувам дома од работа и ми велат ми стигнала „честитка“ за на обвинител заради тоа што го кренавме македонското знаме на јарболот во Битола, пишува битолчанецот Тони Митревски на својот Фејсбук профил, пренесе Република.

Поканата ја добил во својство на осомничен според член 144 од Казнениот законик на Република Македонија, што подразбира извршување на кривично дело Загрозување на сигурносата, со што може да добие казна затвор до 6 месеци.

– Да не требаше грчкото да го кренеме, коментира Митревски на својот Фејсбук профил.

 

 

 

20.07.2018 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега