Собраниската Комисија за европски прашања на пауза- ќе се проверува дали амандманите се преведени и на албански

Собраниската Комисија за европски прашања на барање на координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими повторно е на пауза, сега до 17:30 часот.

Само што почна со работа Комисијата по претходно дадената пауза, Алими побара нова пауза за да се провери дали се преведени на албански јазик сите 400 амандмани за Изборниот законик поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

По неговото барање претседателот на Комисијата Артан Груби од ДУИ даде пауза до 17:30 часот.

 

 

 

20.07.2018 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега