УЈП ги „чешла” локалите на охридското крајбрежје
Инспекторите од Управата за јавни приходи деноноќно се на терен и вршан контрола во охридските локали, објави ТВ24.
На мета се сите објекти без исклучок, а досега не биле евидентирани поголеми нерегуларности.
УЈП го следи и прометот преку ГПРС системот онлајн кој многу брзо утврдува дали во некој локал преполн со гости се издаваат фискални сметки.
Целта на оваа контрола е да се спречи кршењето на законот што години наназад е пракса вомногу локали во Охрид, особено во летната сезона.
Угостителите пак уверуваат дека работењето во нивните објекти е беспрекорно и немаат страв од инспекција во било кое време.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа