Во понеделник ќе се распише референдумот за името и без референдумско прашање

 

Во координација со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, собраниската седница за распишување референдум нема да се закаже утре, туку в понеделник, потврдуваат за САКАМДАКАЖАМ.МК извори од ДУИ, СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ. 

Џафери в понеделник ќе го распише и, според законските рокови, ќе го закаже референдумот на 30 септември 2018, иако сè уште во целост не е дефинирано референдумското прашање. 

Досега,  јавно кажан предлог за референдумско прашање што го соопшти лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев на лидерските средби е: „Дали сте за членство во Европската унија и НАТО со прифаќање на Договорот за името меѓу Македонија и Грција?" на што доби критики од опозицијата.

 

 

 

27.07.2018 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега