Судир меѓу автомобил и мотоцикл - три лица завршија во болница

Вчера во 10:30 часот на автопатот Скопје-Тетово, во атар на село Глумово, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „БМВ“ со словачки национални ознаки управуван од 36-годишниот М.Ј.  од Р.Словачка, и патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистерски таблици, за коe 44-годишнот Г.Р. од Тетово, се пријавил дека го управувал, додека на местото на настанот како возач кој го управувал возилото се пријавил 35-годишниот П.М. од Гостивар.

По незгодата со возило на Итна медицинска помош М.Ј. и Г.Р. биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар кај Г.Р. биле констатирани телесни повреди и бил пуштен на домашно лекување, додека кај М.Ј. била констатирана тешка телесна повреда и бил задржан на понатамошно лекување.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

 

28.07.2018 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега