Страшна несреќа ја потресе Македонија: Загина детенце, а три се повредени

Вчера околу 20,00 часот во нива лоцирана над крстосницата за село Сливник, покрај пат кој води кон село Рлевци-велешко 18- годишниот  С.С од село Бузалково го паркирал тракторот „ИМТ 542“ со велешки регистерски таблци во кој имало прикачено импровизирана метална корпа во која се наоѓале четири деца две на возраст од 10 години, едно осумгодишно дете и едно петгодишно сите од село Бузалково.

„Во еден момент тракторот тргнал во удолнина при што две од децата на возраст од 10 и пет години паднале од металната корпа и се здобиле со тешки телесни повреди. Останатите две деца успеале да излезат и се здобиле со телесни повреди. Три од децата (на возарст од 10, пет и осум години) биле пренесени во Општата болница во Велес, каде од страна на лекар кај десетгодишното била констатира смрт, додека кај петгодишното дете констатирани биле тешки телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Кај третото (осумгодишно дете) констатирани биле телесни повреди и било задржано на понатамошно лекување во Општата болница во Велес“ соопштуваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Велес.

 

 

 

28.07.2018 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега