Катругалос: „Со договорот од Преспа почнува нова ера на Балканот“

 

За перспективите што ги отвора Договорот од Преспа, за идната соработка меѓу Скопје и Атина, за реакциите во Грција и резултатите од истражувањата на јавното мислење, говори меѓу другото, алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос во интервју за МИА.

Катругалос во разговор со дописничката на МИА од Атина, вели дека со решението меѓу двете земји се отвора нова ера на Балканот, најавува дека наскоро авионското поврзување на Атина и Скопје ќе биде реалност, користејќи го неговото знаење како професор по уставно право вели дека Договорот од Преспа не остава простор во иднина одново да се преговара и изразува убеденост дека грчкиот парламент ќе даде зелено светло кога ратификацијата ќе се најде на дневен ред.

- Овој историски Договор, од една страна политички го стабилизира доста измачениот регион на Балканот, а од друга страна отвора нови хоризонти на економска соработка и развој. Веќе од надлежните министерства на нашите земји се разгледуваат предлози за имплементација на инфраструктурни погранични проекти, преку програмата Intereg. Авионското поврзување на Атина и Скопје мислам дека многу брзо ќе биде реалност, додека пак за граничниот премин кај Преспа ќе имаме новости во следниот период - кажа Катругалос.

 

 

 

29.07.2018 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега