Амди Бајрам се побуни: Неговиот глас за референдумот не беше избројан
Денеска во Собранието беше донесена одлука за распшување на референдумот кој ќе се одржи на 30. септември.
Пратеникот Амди Бајрам реагираше откако собраниските служби избројаа 67 гласа. Според него гласал и тој, но неговата картица не била детектирана.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери кажа дека и гласот на Амди Бајрам ќе се вброи во гласовите, со што со вкупно 68 гласа „за“ референдумот беше распишан.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пред гласањето ја напуштија салата.
30.07.2018 - 17:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа