Палмер на средба во Иванов - утре заедно ќе слават Илинден во Крушево

 

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе го прими Метју Палмер, вршител на должноста заменик-помошник државен секретар во Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави за Европа и Евроазија.

Палмер од денеска до 3 август ќе престојува во посета на Македонија во рамките на која ќе ја ја изрази поддршката на Вашингтон за Договорот со Грција за решавање на спорот со името, како и за прогресот на земјата кон членството во НАТО и во ЕУ, соопшти Американската амбасада во Скопје.

Тој ќе учествува на прославата на Илинден во Крушево и ќе се сретне со официјални претставници на локалните власти надвор од Скопје. 

 

 

 

01.08.2018 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега