Само еден од осомничените дал отказ: Тројца уште работат во Општина Карпош
Тројца од раководителите во Општина Карпош, кои беа на распит пред судија на претходна постапка, сè уште се вработени во Општина Карпош. Лицата Н.Н. во својство на помошник-раководител на секторот за финансиски прашања, С.М. во својство на раководител на одделението за норматива во правниот сектор и А.С., раководител на одделението за сметководство, обвинети за злоупотреба на службената должност, сè уште работат на истите позиции. Само раководителот на секторот за јавни набавки, М.Д., сам си дал отказ веднаш по доаѓањето на новото општинско раководство, велат извори од Општината за „Макфакс“.
Од кабинетот на градоначалникот Стефан Богоев велат дека веднаш штом добијат известување од судот, ќе постапат во согласност со надлежностите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа