Уапсени насилниците кои го претепаа охриѓанецот во "Острово"

Охриѓаните А.Р.(29), Љ.Б.(24) и Н.Л.(21) кривично одговараат за насилство, откако на 1. мај влегле во ресторанот "Острово" во комплексот "Свети Наум" и крвнички го претепале 29 годишниот Н.Р.

Со поднесената кривична пријава, опфатени се и А.К.(23) и Т.Б.(23) од Охрид кои им помогнале на тројцата охриѓани во извршувањето на кривичното дело.

Попладнето на 1. мај, во ресторанот „Острово“ во комплексот „Свети Наум“, А.Р. вербално и физички го нападнал Н.Р.(29) од Охрид удирајќи го со тупаници по целото тело, а подоцна со употреба на остар предмет му нанел повреди, расекотини по лицето и крвни подливи на главата. Во физичкиот напад и насилството веднаш се приклучиле и Љ.Б. и Н.Л. кои го удирале Н.Р. со раце и нозе иако тој веќе бил соборен и паднат на земја.

-За време на насилниот акт, пријавените А.К. и Т.Б. ги попречувале и ги отргнувале гостите во ресторантскиот комплекс во намерата да го спречат насилството и да му помогнат на повреденото лице. Откако избегале, пријавените продолжиле со насилничкото однесување и нарушување на јавниот ред и мир  на „Св.Климент Охридски“ во централното градско подрачје, а во ресторан на кеј „Маршал Тито“  извршиле оштетување на дел од инвентарот, стои во соопштението на полицијата.

Освен кривични пријави, сторителите заработија и триесетдневен притвор. 

 

најчитано сега