Шестчлено семејство од Шведска доживеа сообраќајка на патот Охрид- Кичево

Вчера утрината околу 08:20 часот на магистралниот пат Охрид–Кичево, на крстосницата за село Ново Село-село Црвена Вода, патничко возило  „Фолксваген“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот А.Е. од Струга, во кое се превезувале А.С.З. (36), Џ.З. (32) и четири деца на возраст од 14, пет, три и една година, сите од Шведска, преминал на спротивната коловозна лента и удрил во патничко возило „Цитроен Ксантија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот Б.П. село Ново Село, општина Дебарца. 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „Цитроен“-Б.П. и сопатничката во возилото „Фолксваген“ - А.С.З., додека со телесни повреди се здобило едногодишното дете.

Тие биле задржани на лекување во болницата „Св.Еразмо“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

 

 

 

 

09.08.2018 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега