Заев топ тема во Бугарија: „Браќа Бугари згрешив"

 

По критиките на бугарскиот премиер Бојко Борисов, по изјавата дека Илинденското востание е македонско, премиерот Зоран Заев е топ тема во бугарските медиуми.

Неговиот бугарски колега Борисов, му порача да ги си ги мери зборовите, оти на Македонија ќе и треба гласот на Бугарија во Советот на ЕУ.

-Оставам секој да си ги мери изјавите, оти се на негова сметка. Ако го кажал тоа со предумисла или непромислено, пак е тоа на негова сметка. Бидејќи кога ќе дојде до Советот на ЕУ и ние треба да дадеме наша согласност, ќе се потсетиме на овие работи. Мојот совет до сите е да бидат повнимателни“, изјави Бојко Борисов, премиер на Бугарија.

Заев по изјавата дека Илинденското востание е македонско, се обиде да ги смири страстите со Бугарите преку статус на својот Фјесбук профил.

„Драги пријатели и браќа од Бугарија, верувајте, искрено градиме пријателство кое неколку децении наназад беше изгубено. Тоа беше загуба за двете земји. Ние повторно го најдовме нашиот пријател и брат. Да не дозволиме да се враќаме назад. Тоа ни е обврска пред нашите деца. Некогаш можеби не сме доволно внимателни ние политичарите, некогаш правиме и грешки, но ве уверувам дека тоа е само невнимание, затоа што искрено сакаме соработка и пријателство како што тоа го потпишавме во договорот за добрососедство и пријателство.

Зарем можеме да заборавиме како премиерот Борисов и министерката Захариева се бореа за Македонија во Министерскиот Совет на ЕУ и во Советот на Европа, за Македонија да добие датум за почеток на преговори со ЕУ? Се бореа како што се борат за својата земја“, напиша Заев.

 

 

 

10.08.2018 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега