Работник на „Паркови и зеленило“ итно пренесен во болница

Околу 12.40 часот во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ бил донесен Џ.З.(53) од Гостивар, вработен во Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ од Гостивар, со тешки телесни повреди. 

Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека изведувал работи на улица „Гоце Делчев“, го отворал хидрантот за да го наводнува зеленилото, но се сопнал на синџирот од оградата, паднал и се повредил.

Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

24.08.2018 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега