Бизарна несреќа во Македонија: Товарно возило го прегазило во каменолом, починал веднаш

Едно лице почина откако во каменолом во струшко го прегазило товарно моторно возило, управувано од друго лице. 

- Денеска во 08:55 часот во Полициска станица Струга  пријавено е дека во каменоломот лоциран во место викано „Лабунишки ливади“ 36-годишниот З.В. управувајќи товарно моторно возило непозната марка, при враќање наназад, го прегазил 41-годишниот  С.А. од село Долно Татеши, струшко, соопшти МВР.

Лицето починало на местото на настанот.

Увидот е во тек.

 

 

 

27.08.2018 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега