Сообраќајка на патот Скопје-Тетово: Три лица однесени во болница

Во Секторот за внатрешни Скопје било вчера во 12 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово  се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Рено Мастер“ со скопски регистерски ознаки управувано од 53-годишниот М.С. од село Копаница, скопско и патничко моторно возило „Ауди А3“ со скопски регистерски ознаки управувано од 20-годишниот А.И. од Р.Германија.  

 

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи,  додека сопатникот од патничкото моторно возило “Ауди А3“ 19-годишниот Ш.Е.(од Скопје се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

18.09.2018 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега