Приведени 6 танчарки во локал во Тетово

 

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчеравечер ( 25/26 септември ) од 22 до 1 часот, спровеле акциска контрола во угостителскиот објект „Ориентал АС“, лоциран покрај автопатот Гостивар-Тетово, во Жеровјане, сопственост на 28-годишен жител од тетовското село Боговиње.

При контролата, во објектот затекнати се шест женски лица ( танчерки ), од кои 3 од Република Србија и 3 македонски државјанки.

Трите српски државјанки на возраст од 21 ( две ) и 26 години ( една ), приведени се во Полициската станица Тетово, по што предадени се во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.

 

 

 

26.09.2018 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега