Драма во Гостивар: Сам се застрелал со пиштол

 

Во 15,15 часот вчера било пријавено дека во селото Дебреше-гостиварско, 62-годишниот Г.Б. се застрелал самиот со пиштол.

МВР информира дека тој подмачкувајќи го пиштолот кој го поседувал без одобрение, без да забележи дека во цевката има куршум, испукал еден куршум со кој си нанел повреди во пределот на шаката од левата рака.

На Г.Б. му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Гостивар.

Се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

01.10.2018 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега