Димовски до Заев: Постигнете консензус со Мицкоски, најдете заедничко решение

Решението е единство и консензус, но не по диктат на едната страна, порача пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на седницата на Комисијата за уставни прашања.

Димоски кажа дека власта е најодговорна што референдумот немаше цензус и што нема консензус за Договорот со Грција, бидејќи самиот референдум бил распишан без ВМРО-ДПМНЕ. Димовски ја искритикува Владата дека не кажува јасно дека ќе се менуваат повеќе од 50 члена на Уставот.

„Неодоговорно е што Владата не го изготви финалниот текст, а сомнеж отвора и што министерот за правда не е потпишан на предлогот. Не е точно дека ќе се менува само преамбулата, тврдам дека ќе се менуваат 51 член од Уставот. Дополнително, Уставот не може да се менува со процедура предвидена со законот за референдум, Уставот препознава единствено успешен референдум, рече Димовски.

Димоски повика да престане кампањата и обвинувањето на власта дека ВМРО-ДПМНЕ е против ЕУ и НАТО, бидејќи како што рече нема дилема за членството, но според него, факт е дека договорор со Грција е неодржилив поради немање на консензус, како и поради бројката од само 300 илјади Македонци кои гласале за на референдумот.

По говорот на Димовски реплицираше премиерот Заев кој побара инклузивност од опозицијата.

„Ако ВМРО-ДПМНЕ прво било за ЕУ и НАТО, ајде дајте инклузивност во процесот. Амандманите не треба и не смееме да ги пишуваме сами“, рече Заев, на што Димовски му одговори дека двете главни идеологии треба да најдат заедничко решение.

„Колку и да ви се добри намерите, одите во мртва улица. Единство и консензус е решението. Заев и Мицкоски да застанат зад заедничко решение“, му порача Димовски на Заев.

 

 

 

10.10.2018 - 17:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега