Димков: Најстрашно е да го менуваме името спомнато во Библијата

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајчо Димков, порача дека промената на уставот е срамен момент во македонската историја.

„Според мене, ова најтажен и најсрамен момент во историјата на Република Македонија со цел да си го промениш името на државата. Името е спомнато во најстариот документ во историјата, Библијата. Името Македонија е историска придобивка на сите. Самот обид за вакво нешто е голем срам за оваа генерација Македонци. Вие подолжувате на сила да ги туркате уставните амандмани, а тоа е показател за уште една манипулација на македонските граѓани. Тие беа уверувани дека нема да има промена на уставното име. А, уште во почетокот спогодбата беше неделовнички поставена“, рече Димков.

 

 

 

12.10.2018 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега