Латас: Вечерна школа

Е таман се понадевав на бурна и борбена есен, и - статива. Ништо.

А убаво почна. Разиграно и срчано уште во петинг фазата.

Се закрви работата околу извештајот на комисијата за ланскиот 24 декември. Груевски побара нови, вонредни избори... арно ама, не бидна.

Ова ноќ није био мој дан, изјави Заев.
Со се Шекеринска се повлече од мегданот на неопределено време. Нема вонредни избори барем до следната пролет. А и тогаш тешко би ги имало, ако Бранко не дозволи и ги истрча побрзо неговите, да загубат, за тој, Шема, Минчев, и компанија да се вратат онаму каде што им е местото. На власт. На нив власта им припаѓа, природно право стекнато со раѓање и потврдено со партиска книшка.

Бранко процени дека есенва е рано за враќање. И не биднаа изборите.
Штета. Рада Шекеринска веќе порача серија асамблеја од Прада и Луј Витон за наредната пролет. Да и се уклопат со новата фасада на владата.

Се закрви и албанскиот фактор со нови закани за Македонците.
Али Ахмети се пресрами, па се отвори дека е поголем Македонец од сите останати Македонци. Зема лично и персонално да го решава името. Согласно неговата улога и статус во 2001 година, таа улога и му личи.

Море отиде во Америка, што тајно што јавно пет-шест пати претрча до Атина. Одржа серија брифинзи со Жерновски, амбасадори, новинари... и таман личеше дека Нимиц ќе дојде и задно со Али Ахмети ќе ни соопштат како ќе се викаме од утре... ни тоа не бидна.

Тачи, овој нашиов, не беше ништо покусо. Кај дава он да испушти одбиена топка. Герд Милер од најславните денови, ништо послабо од него. Ако не сме прифателе што нудат Грците, Македонија ќе ја нема, ни порача Тачи. Нашиов.

Спротивно на јакиот петинг, сексот изостана. Целосно. 
Дојде Нимиц и кажа дека Грците претерале. Барале нешто што го нема во менито. А во такви случаи, нема друго освен да побараат друга кафана.

И сега станува досадно.
Нема иницијатива за насилна промена на името, ја нема Шекеринска со понуда да го реши проблемот за шест месеци, го нема Бранко да објави изолација на Македонија од која само он може да не избави. Досадно.

Кога виде дека неговите влегле во длабок офсајд, другиот Тачи, оној од Приштина се потруди да го врати авторитетот и тензиите. Човекот, веројатно заради нечиста совест од сите дејствија на УЧК во неговото, командантско време, неможе да заспие. Од Жолта куќа па натаму... И така со години.

За да му се врати сонот, Хашим Тачи ноќе брои. Брои Македонци.
И така, од ноќ во ноќ... избројал дека нас не има прилично малку, а Албанците биле 35 посто во оваа држава.

Што и не е чудно. Кога човек долго пати од несоница, сенешто може да му се причинува. Па така и оваа работа. Не треба одма да му се зима за кусур.

Веројатно несоницата, и поствоената траума, се виновни за неговата одлука да нареди тотално ембарго на трговијата со Македонија. Отспа малку, потоа, па ја повлече за пет-шест дена. Што укажува дека за него, сепак, има надеж.

Ни од таа најава, од тој петинг, не бидна секс.
И, си викам, стануваме досадно друштво. Како Шведска и Данска.
И таман се шкртнав да земам допунски спортски пакет на Макс ТВ, и на раат одгледам од прва до последна утакмица во Лига Европа и Шампионската, Сашо Мијалков ме потсети дека постои. Објави дека полицијата успеала да докаже организација од дваесетина луѓе кои краделе државни документи па, согласно пазарните услови, ги продавале на Грци и други заинтересирани купци, а дел завршиле на пазарот како материјали за рекет.

И таман мислиш дека и ова ќе биде само петинг, има изненадување.
Будалата од Велес, тој бившиот разузнавач, со години собирал тајни документи и полициски сознанија. Уредно си ги запишувал во тетратка. Водел детална евиденција. Кога со кого се среќава, што земал, а што му дал. План за дејствија, извештаи за реализација. Се забележано. До запирка.

За да биде плафон, средбите со странските разузнавачи, како и добар дел од домашните рекетари, уредно и тајно си ги снимал. За своја архива. Сега кај амбасадиве, и Грциве, владее паника, затоа што полицијата фатила прилично голем број изворно снимени разговори на шпијуниве со нивните.

И замисли ги фацките на муријашиве кога му ја отвориле архивата на шпијунскиов шеф :) Бинго, човече!

А таму, во неговите потрошувачи, има и наши политичари. Све нешто гледам, и ми се чини, дека препознавам еден поприлично во години. Имаше високи функции, и беше тврд играч во корист на грчкиот ултиматум.

Кај институциите познат како автор на патентот Бугарски воз.
Сега, одеднаш, ми се разјаснува како тоа полицајци издржуваа, со години, еден неделник фокусирано мајке да им се изнаебе на сите, вклучително и на мене, со полициски приказни накитени со нивни проекции и додатоци за уметнички дојам.

А и не е само тој. Што Шпиц, што Време... беа на истата цицка врзани.
Па, ние не сме знаеле дека главни уредници на пола наши медиуми да ти биле агенти, и параагенти, на шпијунскава шема. А шемата доходовна.

Што не се купува за пари, се купува - за повеќе пари.
Од своја мака знам што правеле Аце Диневски, и барем четворица уз него од групата, со ширење муабети по редакции, тормозење фамилија со анонимки и провокации, уцени да се повлечам додека се уште можам да изберам... која моќ има велешката Романтик група, составена од полицајци, адвокати, судии, медиуми... ама, ни на сон не се надевав дека така документирано ќе паднат.

Тоа ти е брат претеран професионализам. Кога и криминалот си го водиш педантно, аналитички и документирано... секоја пара си ја запишуваш...

Тоа ти е удбашка вечерна школа на третокласните агенти и муријаши кои никогаш не стасале да бидат дел од елитата, па решиле да им покажат.
И, им покажаа. Се виде.

Како што се виде и умот на оној Жерновски, кој проба да излезе во прв план со тоа што ќе забрани, и казни, ако пружаш алишта на балкон, и ако твоето куче лае па го нервира комшијата. Само он може да лае без казна.

Па, ја знам барем десет брачни парови по маало кои галамат повеќе од моето куче, па не преземам ништо. Живот ли е ако е поинаку. Не е.

Нека лаат кучињата. После Жерновски тоа е песна за нашите уши.

Драган Павловиќ Латас за Вечер

22.09.2013 - 23:21

најчитано сега