Малолетничка уценувана од соученик: "Дај ми 5.000 денари или ќе им испратам фотка на родителите"

Соученик барајќи пари уценувал 15 годишно девојче во Куманово дека ќе каже компромитирачка информација за нејзините родители, информираше денеска СВР Куманово.

 Случајот во полицијата, вчера го пријавила 49 годишната мајка на девојчето. Во соопштението на СВР Куманово се наведува дека жената пријавила оти нејзината 15 годишна ќерка била уценувана од нејзин соученик кој со намера за себе да прибави противправна имотна корист и се заканувал дека ќе каже компромитирачка информација на нејзините родители и од неа барал 5.500 денари.

Полицијата презема  мерки за расчистување на случајот. 

 

 

 

13.11.2018 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега