Алонсо: Сакам кариерата да ја завршам како пилот во Ферари

Пилотот на Формула 1, Фернандо Алонсо, изјави дека има желба да го продолжи договорот со италијанската автомобилистичка екипа.

Шпанскиот пилот ја отфрли можноста да се пресели во редовите на Мекларен, откако директорот на британскиот Формула 1 табор, Мартин Витмарш, соопшти дека сака да го ангажира Алонсо.

- „Се надевам дека кариерата ќе ја завршам како Ф1 пилот во Ферари. Сакам да се договорам со екипата за продолжување на соработката, а помалку или повеќе, челниците на составот ме уверија дека и тие имаат исти планови. Тоа би била добра работа“, изјави поранешниот двократен светски првак за англиските медиуми.

Шпанецот ќе биде доста искусен кога ќе го одработи договорот со Ферари, меѓутоа самиот смета дека и на 35 години ќе може рамноправно да се натпреварува со младите колеги.

- „Има пилоти кои што без проблеми се натпреваруваат и многу подолго, Марк Вебер и Михаел Шумахер се само двајца од бројните примери. Ако имам мотиви и доколку уживам во натпреварувањето, како што тоа сега е случај, ниту во тие години нема да биде страшно да возам во Формула 1“, вели Алонсо.

23.09.2013 - 14:27

најчитано сега