Шест цистерни со фосфорна киселина излетаа од шини во Србија

 


На железничката пруга Неготин-Зајечар, помеѓу Брусник и Рготина, ноќеска излетале од шини шест вагони-цистерни натоварени со фосфорна киселина, но немало истекување, испарувања и нема опасност по човечки живот или животната средина.

Сообраќајот во моментов е во прекин на тој дел од железничката пруга, се наведува во соопштението од „Србија карго“.

Излетувањето од шините на вагоните-цистерни на компанијата „Еликсир“ се случило во 1:45 часот по полноќ.

Товарниот воз имал 12 вагони-цистерни и патувал од Прахово до Шабац.

Во тек е  утврдување на причината за таа несреќа од страна на надлежни органи, се вели во соопштението. 

07.05.2025 - 11:33

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега