Прегазена жена во Скопје итно пренесена на Клиника

Во 20,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје  било пријавено дека на булеварот .„Никола Карев“, патничко моторно возило „Форд Фокус“ со скопски регистерски таблици управувано од 23-годишниот Д.А. од Р.Турција удрило во пешакот 65-годишната В.Л. од Скопје.

По незгодата со возило со Итна медицинска помош В.Л. била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2018 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега